ЕУ одобри воена акција во Централноафриканската Република

Шефовите на дипломатиите на Европската унија донесоа одлука со која што се одобрува заедничка воена мисија во Централноафриканската Република (ЦАР) за да се запре крвопролевањето во таа земја.

Дипломатски извори на ЕУ наведуваат дека станува збор за мисија од околу 500 војници. Во Централноафриканската Република веќе се наоѓаат 1.600 француски и околу 4.000 африкански војници кои делуваат на основа на мандатот на Обединетите нации.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун, предупредил дека насилствата во ЦАР достигнаа „епски“ размери, барајќи итна акција на меѓународната заедница за да се запре катастрофата.