ЕУ планира делумно одмрзнување на ресурсите на руските банки за тргување со храна

Европската унија ќе измени во среда некои од антируските санкции воведени поради војната во Украина дозволувајќи делумно одмрзнување на средствата на некои од водечките руски банки под санкции од кои може да се бара да ги олеснат „тесните грла“ во глобалната трговија со храна и земјоделски ѓубрива, се наведува во нацрт-документот за шестиот пакет санкции во кој увид имала агенцијата Reuters.

Како што наведува агенцијата повикувајќи се на документот, „земјите од ЕУ ќе можат да одмрзнат претходно блокирани финансиски ресурси на големите руски кредитори како што се ВТБ, „Совкомбанка“, „Новикомбанка“ и банката „Открытие“”, ВЭБ, „Промсвязьбанка “и банката „Россия”

Во нацрт-документот, исто така, се наведува дека средствата може да бидат одмрзнати „откако ќе биде утврдено дека таквите економски ресурси се неопходни за купување, увоз или транспорт на земјоделски производи и храна, вклучително и пченица и ѓубрива“. Се истакнува дека европските власти ќе ги замрзнат средствата на „Сбербанк“, со исклучок на оние потребни за овие цели.

Инаку „Сбербанк“, според истиот нацрт-документи за новиот пакет санкции на ЕУ заедно со челниците на металуршкиот гигант УММС за производство на цинк и бакар се ставен на списокот санкционирани поединци и компании „кои ја поддржуваат инвазијата на Москва врз Украина“.

Претходно во вторникот унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека челниците на земјите членки ја ЕУ го договориле шестиот пакет санкции против Русија. Според него, тој ќе вклучува ембарго на увозот на руско злато, забрана за давање сметководствени, ревизорски, даночни и консултантски услуги, заострување на стоките со двојна намена и разни мерки кои се однесуваат на јавните и државните набавки, прифаќање депозити…

Покрај тоа, како што подоцна објави порталот Euroaktiv, санкциите ќе опфатат уште 47 физички лица во Русија, меѓу кои и градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, челникот на индустрискиот конгломерат „Ростех“, Сергеј Чемезов, како и осум компании, меѓу кои и е и „Сбербанк“.

По почетокот на војната во Украина, колективниот Запад, вклучително и ЕУ го засили притисокот со санкции врз Русија и во изминатите четири месеци Брисел воведе шест пакети со санкции. Некои земји најавија замрзнување на руските активи, многу светски брендови ја напуштија земјата, а беше воведено и ембарго на увозот на руските јаглен и нафта.

Кремљ санкциите ги оцени како објава на економска војна без преседан, и презеде возвратни мерки меѓу кои забрана странските инвеститори да ги повлекуваат средствата од рускиот финансиски систем и го префрлија плаќањето за рускиот гас во рубљи. Во Москва, исто така, повеќепати оценија дека политиката на притисок и слабеење на Русија е долгорочна стратегија на Западот спроведуван речиси цела деценија, а предупредија и дека санкциите ќе нанесат сериозен удар врз глобалната економија, предизвикувајќи енергетска и прехранбена криза којашто е причина за рекордните нивоа на инфлација во Европа и САД.

 

ЕУ брза со транспортира што повеќе руска нафта пред ембаргото

Сопствениците на танкери во Европа превезуваат што е можно повеќе руска нафта со цел да создадат доволни резерви пред да стапи на сила ембаргото на увозот на енергенсот од Русија според шестиот пакет санкции на ЕУ, објави во авторски текст во понеделникот американскиот дневен деловен весник The Wall Street Journal.

Според авторот, во заднината на острото зголемување на набавките на нафта од Русија во азиските земји, на коишто се пренасочи Москва по воведувањето на санкциите од ткн колективен Запад, европските превозници исто така побрзале да ги натоварат своите танкери со руска нафта. Потребата за забрзување на испораките ја отежнува претстојната забрана за испораките на нафтата од Русија, што секој транспорт би го направил незаконски според меѓународното поморско право.

„Грчките сопственици на танкери, коишто контролираат речиси третина од свеската танкерска флотила, транспортирале околу половина од вообичаените количества руска нафта во мај и во јуни. Според процените на истражувачката компанија (дел од најголемата осигурителната во поморскиот сообраќај – з.р.) Lloyd’s List Intelligence, во споменатите два месеца грчките бродови 151 пат впловиле во руските пристаништа во Црното и во Балтичкото Море, во споредба со 89 впловувања во целата претходна 2021 година“, се истакнува во материјалот на WSJ.

Зголемената побарувачка на нафта од почетокот на руската офанзива во Украина ги зголеми и цените на транспортот за средните танкери на околу 40.000 долари дневно, во однос на 10.000 долари во јануари годинава, еден месец пред почетокот на војната.

Сопствениците на големите европски танкери наведуваа дека санкциите би можеле да ги принудат привремено да го запрат пловењето на околу една третина од нивната флота. Меѓутоа, глобалната побарувачка на нафтата порано или подоцна ќе ги принудат тие пловила повторно да испловат.

„Никој не може да каже што ќе се случи со танкерскиот пазар по воведувањето на санкциите, но на крајот тоа може да се покаже како позитивен фактор, бидејќи побарувачката на нафта е сѐ уште висока, а бродовите најверојатно ќе бидат упатени по нафта на други дестинации, како што се САД и Блискиот исток. Далечините за пловење ќе се зголемат, што значи дека танкерите ќе заработуваат повеќе“, изјавил за весникот извршниот директор на грчка бродска компанија кој сакал да остане неименуван.