ЕУ подготува „координиран“ одговор за Кина и Турција

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија се согласија дека кооринирано ќе одговорат на според нив спорниот закон за национална безбедност на Кина со кој е опфатен и автономниот регион поранешната британска колонија Хонгконг, а разгледуваат и мерки против Турција.

Високиот претставник на ЕУ за надворешни рабори и безбедносна политика Жозеп Борел, исто така, се закани со акција против Турка поради разијдувањата по низа прашања, од човековите права, до дупчењето за гасни наоѓалишта во морето крај Кипар до промената на статусот на светското културно наследство истанбулскиот музеј „Света Софија“, некогашен христијански храм, повторно во џамија.

„Се договоривме дека ќе развиеме координиран европски одговор да покажеме поддршка за автономијата и граѓанското општество во Хонгконг“, изјави шефот на европската дипломатија по првиот физички состанок на министрите по неколку месеци во понеделникот вечерта во Брисел.

„Тоа ќе се состои и од мерки на ниво на Европската унија, но и на оние кои се во компетенција на државите членки“, рече Борел во врска со кинескиот закон за национална бебзедност кој стапи на сила во јуни.

Можните нови мерки би можеле да вклучуваат поголема контрола на „специфични и чувствителни“ технологии во Хонгконг, откри Борел, како и визни повластици за граѓаните на Хонгконг и стипендии за студентите од овој автономен регион.

Германскиот министер за надворешни работи Хејко Маас истакна дека кинеската одлука за новиот закон „би требало да има влијание“ на европскиот извоз на оружје. Истакна дека германско-францускиот предлог за нови мерки вклучувал и поедноставен визен режим за уметници, научници, истражувачи и новинари од Хонгконг кои ќе бидат загрозен поради својата работа.

Законот за национална безбедност кој беше усвоен кон крајот на јуни и кој важи и за регионот на Хонгконг, е насочен против формите на сепаратизам, субверзии, тероризам и соработка со странски служби и сили на територијата на автономниот регион. Со него, властите на автономниот регион сега може да ги следат и прислушуваат лицата за кои се сомневаат дека ја загрозуваат националната безбедност, а законот предвидува и доживотен затвор за субверзивно дејствување.

Второто големо прашање на дневниот ред во понеделникот беа односите меѓу ЕУ и Турција. Во врска со дупчењата поради експлоатација на гас кои Турција ги врши во водите крај Кипар, Борел изјави дека ЕУ може да преземе нови акции, доколку продолжат таквите активности.

„Ќе подготвиме опции за воведување соодветени мерки како одговор на предизвиците кои доаѓаат од Турција“, рече Борел.

Брисел, меѓу другото ја критикува Анкара за повеќегодишните затворски казни на кои се осудени четворица активисти на меѓунароцната организација за човекови права Amnesty International, прогласувајќи ги за виновни за теророт. Борел, исто така, реле дека ЕУ ќе одговори и на новите турски кршења на ембаргото за испораки на оружје во Либија.