ЕУ подготвена да воведе царини на стоки од Британија, безвизен режим за британските граѓани

eеврокомесарот за економски и финансиски прашања, Пјер московиси

Европската унија во овој момент е подготвена да воведе царинска контрола на стоките од Велика Британија доколку оваа земја истапи од членството без постигнат договор, а на британските граѓани нема да им бидат потребни визи за куси престојувања во земјите членки на ЕУ до 90 дена, објавен во средата во Брисел.

„Европската комисија и 27-те земји членки не го сакаа брегзитот во 2016 година и сигурно не сакаат брегзит без договор во 2019 година и сѐ уште се надеваме дека тоа може да се избегне. Но подготвени сме да се соочиме со овој предизвик доколку дојде до тоа“, истакна комесарот за финансиски работи, даноци и царини, Пјер Московиси.

Рече дека брегзитот без договор, кога станува збор за царините и даноците, „би значело моментално повторно воспоставување на царински контроли за стоките кои доаѓаат од Британија, обврската за исполнување на царинските формулари за компаниите кои тргуваат со Обединетото Кралство и обврска за собирање на ДДВ-то на стоките увезени од Велика Британија“.

Московиси ги претстави мерките за подготовка за сценариото на брегзит без договор. Обезбедена е царинска инфраструктура на ниво на држави членки и логистија доколку се случи таква сценарио, „коешто никој не го сака, но које никако не може да се исклучи“.

Истовремено, Европскиот парламент и Советот на ЕУ постигнаа договор на британските државјани по брегзитот да им се овозможи влегување во Унијата без визи, под услов британските власти да се осигураат реципрочна мерка за граѓаните на 27-те земји членки без никаква дискримианција. Доколку се случи брегзит без договор, одлуката за осолободување од визната обврска би почнала да се применува од полноќ на 12-ти април годинава. Доколку, пак, се случи уреден брегзит, односно излегување со договор за раздружувањето, оваа одлука би почнала да се применува по истекот на преодниот период, кој е предвиден во договорот.