ЕУ повлече седум милиони маски: Внимавајте при купување, еве кои се безбедни

Европската унија повлече седум милиони маски, бидејќи тие не ги исполнуваат безбедносните стандарди и не заштитуваат соодветно од вирусот корона, беше објавено по сесијата на Европскиот комитет за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите.

Според хрватскиот европратеник Томислав Сокол, поплавата на фалсификувани заштитни маски на европскиот пазар, најчесто доаѓаат од Кина, била предизвикана од „пукање“ на вообичаените ланци на снабдување и големата побарувачка за заштитна медицинска опрема во последните месеци, што доведе до разни сомнителни компании.

– Се плашам и да мислам колку уште поминаа „под радарот“ за време на големата побарувачка на заштитна опрема што траеше среде борбата против короната – рече Сокол.

На прашањето какви се точно маските што не ги исполнуваат стандардите, Сокол одговори дека станува збор за производи за кои производителот тврди дека имаат заштитен потенцијал, но нивниот капацитет за филтрирање не е сертифициран од соодветно европско тело.