Претседателот на Европската комисија во заминување, Жан-Клод Јункер изјави дека тој и главниот преговарач на ЕУ за брегзит, Мишел Барние прават сѐ што можат за да се постигне договор со Велика Британија, а во спротивно, одговорноста ќе ја сноси Лондон.
Јункер за германските медиуми изјави дека Барние и тој интензивно работат на договор, бидејќи би било катастрофално за Британија и ЕУ доколку до брегзит дојде без договореното организирано повлекување, пренесе „Ројтерс“.
„Треба да потпишеме договор за слободна трговија. Тоа нема да се случи онака како што замислуваат некои во Британија. За дел од трговските договори кои сме ги склучиле во мојот мандат беа потребни многу години“, изјави Јункер.
Велика Британија би требало да ја напушти ЕУ до 31 октомври.