![dolari](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/08/dolari-1.jpg?resize=650%2C365&ssl=1)
Европската унија планира да се бори против „владеењето на доларот“ на светските пазар, пишува The Financial Times, повикувајќи се на извори во Европската комисија.
„Светските финансиски пазари премногу зависат од доларот“, се наведува во еден од документите на кои се повикуваат новинарите на The Financial Times.
Според авторите на написот, прашањето на зависноста од американскиот долар и проектот за слабеење на неговата доминација на финансиските пазари, е планирано да започне непосредно пред инаугурацијата на избраниот американски претседател Џо Бајден.
Европската унија, како што се наведува во прилогот, сака да ги надмине тешкотиите со кои се соочила во времето на американскиот претседател на заминување Доналд Трамп, како оние кои САД ги обновија санкциите против Иран.
Оваа иницијатива, исто така, зборува и запотребата од заштита на земјите членки на ЕУ од „последиците од нелегалните екстериторијални употреби“, на таквите мерки.
„Годините на претседателствувањето на Трамп ги отрија нашите ранливости и мораме да ги отстраниме (…). Зборуваме за местото на Европската унија во светот: за способноста да имаме доволна економска и финансикса моќ“, го цитира The Financial Times својот неименуван соговорник од Европската комисија.
Меѓу другото, како што се наведува во написот, Европската унија укажува на потребата од изнаоѓање начини за јакенење на еврото на светската сцена, особено преку урокот научен во текот на паднемијата на коронавирусот.