ЕУ – Југославија

Ја чекав пишанкава се’ до мигот кога кралицата Елизабета ќе го потпише законот за Брегзит, конечно тоа и се случи. Враќање нема, Британија излегува. Ништо нема да биде исто. Никогаш.

Кој е верник добро знае какви се пророштвата пред Второто Доаѓање, последните денови, крајот на оваа егзистенција и во добро и лошо, искушеничково плато и почетокот на постоење само на благословена Божја реалност, и пред сето тоа да настане, светот ќе се обедини зад „еден“ кој ќе го владее, парафразирано (и никој нема да знае кога, ниту ќе го препознае, но ќе биде најголемиот хуманитарец – со гаранција). Да не мрденеме со прст, ние како земја, ќе не упикаат и шугави и небањати во таа некаква глобална шема и нема бегање колку и да претаме. Но, не би идел во некои длабоки води, ова денес е забавно и бизарно како и бокитредичи.

Идеалот на високоопеаната унитарна, обединета, Европа конечно се распадна. Излегувањето на бритишите значи конечен крај, не сега дека тоа ќе стане вакум место со кое ќе дојдат црвени кмери со шубари да го владеат, „скрајабило“, туку, мене неодоливо ме потсетува на она што го преживеав кога се распаѓаше балканската мини-унија, наречена Југославија.

Словенци – Британци

Арогантни, препуни со пари, маша на западот, сите лиценци за најдобри чоколада и мајонези се кај нив, женските прелиберални. Ама не не’ сакаа, нас, балканци, ма едвај и Хрватите ги вареа. Со помош на политичка, ем културолошка индоктирнација, како Лајбах со албумот НАТО, на пример, Словенија даде јасен сигнал дека ги боли „таквото“ за југот и сакаат да одат онаму каде вечно и припаѓале, во коњушницата на вермахтот – (инаку сега Лајбах тезгарат по балканите со анти-нато и анти-глоблистички флоскули). Тоа и го направија и Британциве, конечно им „пукна“ и знаејќи дека EУ само ќе ги гуши, те за бегалци, Кина, Русија итн, си решија да си станат 51 америчка у п… држава и рекоа чао! Секако дека космички е подлабоко, ама мерак ми е монтипајтоновски да си „драпам“. Голема игранка, малку полегантна одошто на Словнеците, кои мораа да се спукаат и со „Гина“  – генерална инспекција ЈНА. И така, „како некад-такo и сад“, се отцепува прво најбогатиот и си се лепи со најјакиот.

Српскохрватски – франческонемачки

Додека во Југа Србите и Хрватите се фатија за врат како ќе делат и кој ќе биде главен, што резултираше со крв до колена за една залудна непотребана војна, Франција и Германија се, ама буквално истото како и овие нивни балкански пандани. Ма секако, не се глупи ко примитивците наши, они знаат да седнат и се договорат и ќе се договорат, само тоа нема да изгледа баш така како што они си мислат. Имено, како почнаа со некаква унисона бегалска политика која и беше меѓу останатото и фактор за „цепажа“ на Британија од Јуроп, почна таласање мeѓу ддр и франка. А, таму кога има клање, тоа е брете… мега! Се колеа у два наврати, недостижно дури и за нас. Немачка по обичај, увек била најмирољубива и најпрогресивна, нели, у две свецки докажаа? DDR e главна економски и технолошки, а сеќавањата се премногу свежи, од XX век за нивната европски турнеи 1914-1918 и 1941-1945. Ма, секако, високата цивилизациска свест нема да дозволи било што такво какво си паметиме, но повуци-потегни веќе има. Сите пораки околу несогласувањето и изгледот на остатокот на ЕУ беше токму во изјавите на „Сол-сол-Макрон“ и ќе биде малку заебано, кој ќе ја има контролата и превласта. Срби и Хрвати знаеја зошто нема никад да се договорат, Франаци и Немци исто, но ќе мора да глумат се’ додека тоа им носи многу пара, но до кога? Остатокот ќе глумата лудило, на таван сокриени, ситнишот од ЕУ земјите, ќе пишуваат дневник скриени на таван и ќе се молат некоја голема сила да ги спаси. Вишеградската најголем страв им е Русија, ама пак гасот нивни најмил. Косово на ЕУ мора да се деси, и се дешава – во Каталонија, како за почеток. Тоа е нивното (прво) Косово. Те ќе ја смират, па пак немири и тоа оди на се’ полошо. Пред се’ затоа што свеста и перцепцијата се менува кај европеецот чии градови веќе не можеш да ги разликуваш од Исламабад и очекувате дека тивкото мнозинство нема да изнедри некој сулуд, европски, германски или фрнацуски Трамп?

Куда иду дивље свиње?“

Југославија престана да постои оној миг кога Словенија се одвои – точка. Се’ друго после беше фарса и купување време. Во ексју тоа мрцварење траеше две децении? Ма не е  важно, колку ќе трае кај нив, ни самите не знаат, секако дека за оваа голема глобална и европска перестројка стојат сили кои можеме  само да ги наслутиме и полека сфаќаме дека ама никој, никаде, (а камо ли кај нас) не се прашува, туку добиваш сет наредби и тенкју-енд-факју.

Љунферот на ЕУ е скинат, и официјално – цурата веќе не е невина. Со кого ќе „легне“ веќе е сосема легитимно кој и да си избере, а тоа ќе биде следната голема игранка на остатокот, кој наместо по ова да се обедини и приграби што е можно повеќе земји со себе, они развија балканофобија додека на границите бегалци со вувузели просек 25 сантима, спремно и легитимно оплодуваат кај стигнат плаовооки на отворено ем неказнето, а Нова Година се слави како на како маневри на против-воздушна одбрана. Сега кај нас е бре зона на култура и љубави наспрам она што им се дешава. Секако дека мора да се „љосне“ до доле за да се издигне новото, досега тоа се правеше со светски војни, и после нив имаш дил за нов, свеж почеток. Овој пат оружјето за глобално „мамојебавање“ кажува и укажува дека тешко било каков, макар и локален, конфликт може да се држи под контрола, а да не се прелее глобално како епидемија на „пичји“ грип. Место атомки тука се шарените, жути јелеци, и пахуљици, итн итн… живо месо, а ќе се изнедрат и некои нови стоногалки, кај и да е.

Словенија = Македонија

Она што е малку злобно од моја страна, а имам зошто им го збирам на „јанезите“, е што они во ЕУ се веќе на нивото како што ние, Македонија, бевме во Југославија, а по распадот ќе бидат самото дно. Словенија е  на пат да стане Македонија во ЕУ. Но, секогаш подобри ќе бидат од сите нас на балканите.

Нам, полошо дали може да ни биде? Секако! Но, најважно е промени има, ќе има и мора да има и локално и глобално, дали имате нерви за уште еден таков голем стрес? Секако не, ама од нешто мора да се умре, но секако со насмевка додека го читам извештајот на ЕУ за парична помош на Совенија како една од помалку развиените членки на ЕУ, со ист текст како кога Белград ќе објавеше за Македонија.

Welcome to the club!

Автор: Јанко Илковски за НетПрес