ЕУ усвои квоти за увоз на земјоделски производи по брегзитот

Европската унија усвои во понеделникот квоти за бесцарински увоз на земјоделски производи од трети земји по излегувањето на Велика Британија од блокот, признавајќи дека би можело да стапат и пред заклучувањето на преговорите со земјите извознички.

Во моментов на сила се низа царински квоти коишто на произведувачите им овозможуваат извоз на одредени количества производи во ЕУ без обврски за плаќање царини. Поради планираното британско истапување, како и дека квотите ќе се делат меѓу Велика Британија и 27-те членки на Унијата.

Брисел во понеделникот ја објави одлуката според којашто планира да ја преземе речиси комплетната квота за бесцаринскиот увоз на вкупно 11.500 говедско од САД и од Канада. Квотата за бесцарински увоз на 228,389 тони јагнешко од Нов Зеланд рамноправно, пак, би се поделила меѓу ЕУ и Велика Британија. ЕУ планира преземање на комплетните квоти за бесцарински увоз на сирењето чедар од Австралија и лукот од Аргентина.

Европското преземање на комплетните квоти за бесцаринскиот увоз, значи дека таквите производи ќе се увезуваат во Британија со наплата на царини, што значи и повисоки цени.

Според документите на ЕУ, квотите за бесцаринскиот увоз на риба, дрво и одредени метали би требало да бидат поделени меѓу ЕУ и Британија, при што нивната пресметка се заснова на податоците за трговската размена во периодот од 2013 до 2015 година.

Европската унија мора да преговара за новите квоти со другите земји членки на Светската трговска организација (СТО – WTO). Според преамбулата од денешната одлука, преговорите можеби нема да бидат вклучени навреме, бидејќи до излегувањето на Велика Британија на 29-ти март останува уште малку време.

Притоа, многу членки на СТО изразија дилеми во поглед на предложените решенија, а некои предупредуваат и дека тригодишниот период на кој се базираат квотите можеби не се типични за размена со ЕУ. Така САД, Канада, Аргентина, Бразил, Уругвај, Нов Зеланд и Тајланд во 2017 година се пожалија дека според предложените квоти за кои медиумите известуваа, нивната позиција би била полоша отколку пред брегзитот, имајќи предвид дека повеќе не би можеле самите да одлучуваат во која членка на ЕУ ќе ги извезуваат своите производи, водејќи сметка исклучиво за најповолната цена или за побарувачката.