ЕУ воведува специјални визи за богати туристи

Европската унија, од први април, предложи воведување специјална патничка виза за земјите од Шенген зоната, со цел привлекување богати кинески и руски туристи, пишува Франс прес.

Оваа специјална виза со важност од една година и можност за обновување за уште една година, би важела за граѓаните од Русија, Кина, Саудиска Арабија и Јужна Африка.

“Премногу туристи се колебаат дали да патуваат во Европа поради сегашните процедури и високите цени. Тоа се големи загуби за економијата на ЕУ”, посочиле европските комесари Сесилија Малмстром и Антонио Тајани.