ЕУ за неколку дена ќе склучи договор со Moderna

Договорот меѓу Европската унија и американската биотехнолопка компанија „Moderna за набавки на вакцината против коронавирусот е „речиси подготвен“ и ќе биде склучен „за неколку дена“, изјави францускиот државен секретар за европски работи Клемент Бон.

„Договроот ќе биде склучен, тоа е прашање на денови. Речиси е подготвен, Брисел нѐ уверува во тоа“, реле Бон во средата вечерта за францускиот телевизиски канал LCI.

Изврнилкиот директор на „Moderna“ ја предупреди во вторникот ЕУ дека продолжувањето на преговорите за купување на нивната вакцина против Covid-19 може да ги задоцни испораките, бидејќи други земји се проиритетни имајќи предвид дека договорите ги потпишале уште пред неколку месеци.

„Се преговара, но договор нема“, изјави за AFP директорот Стефан Бансел од Кембирџ во американскта сојузна држава Масачусетс.

Бон реле дека „предговорот“ е на масата. „ОСновнтие параметри од договроот постојат од 24-ти август“, рече францускиот министер додавајќи дека треба да се договорат уште „последните поединости“.

„Европа нема да доцни“, рече Бон потседувајќи дека Евроспката комисија преговара во името на 27-те земји членки и дека „многу великодушно“ ќе го финансира купувањето на вакцината.

На 24-ти август имено беше известено за „напредувањето во преговорите“ меѓу ЕК и „Moderna“ за купување на 80 милион дози од вакцината, но во меѓувреме досега ништо конкретно не е потпишано.

Во меѓувреме, американската компанија потпиша договори со Канада, Јапонија, Израел и со Велика Британија, несметајќи го првите 100 милиони дози кои ги договори на почетокот од август со САД. „Moderna“ во понеделникот објави дека нејзината вакцина против коронавирусот иа 94,5 отстотна ефикасност, по што се нагло се зголеми интересот за нејзиниот препарат.

Европската комисија досега склучила пет договори за набавка на потенцијалните вакцини против новиот коронавирус: со американскиот конзорциум „Janssen Pharmaceutica NV“, која е дел од групацијата компании „Janssen Pharmaceutical Companies of Johnson & Johnson“, со шведско-британската компанија „AstraZeneca“ и со француско-британската компанија „Sanofi-GSK“, како и со американско-германската соработка „Pfizer/BioNTech“, и со германската компанија „CureVac“ и „Moderna“.