ЕУ замрзна руска сопственост од 13,8 милијарди евра

EUGENE TANNER/AFP via Getty Images)

Европската унија досега замрзнала сопственост на руските претприемачи, други поединци и компании во износ од 13,8 милијарди евра, поради војната во Украина, соопшти во вторникот висок европски функционер.

Најголемиот дел од запленетата сопственост е во пет од 27-те земји членки на ЕУ, велат од Брисел и ги повикуваат другите членки да „направат повеќе“.

На листата со санкции на ЕУ во моментов се 98 компании и организации, и речиси од 1.600 поединци поради руската улога во војната во Украина.

„Досега запленивме сопственост на олигарси и други ентитети вредна 13,8 милијарди евра, тоа е доста многу. Не, во најголем дел, повеќе од 12 милијарди евра се замрзнати во пет земји членки и мораме да продолжиме да ги увериме и другите да го направат истото“, изјави еврокомесарот за правосудство Дидие Рејндерс. Доаѓајќи на состанокот на министрите за правосудство во ЕУ во Прага.

Рејндерс не наведе за кои пет членки станува збор.

Според него, по летото се очекува конечниот политички договор за новите правни средства со кои би требало да се спечи заобиколувањето на санкциите на нивото на целата ЕУ, што сега не е случајот.

Политиката со којашто би се спречило избегнувањето на санкциите со префрлување на имотот на несанкционирани членови на семејствата, би можела да стапи наесен.