EУРО 2020: Убедливи Англија, Украина и Исланд, победа на Косово над Чешка

Англиската фудбалска селекција победи во саботата во мечот од Групата А во квалификациите за Европското првенство следната 2020 година на лондонски „Вембли“ со 4:0 против репрезентацијата на Бугарија, и го преземаа водството во групата со максимални девет бодови.

Англичаните до триумфот дојдоа предводени од Хари Кејн кој на натпреварот постигна „хет-трик“ реализирајќи два удара од белата точка и впишувајќи една асистенција. Кејн прво во 24 минута на додавање на Рахим Стерлинг ја начна мрежата на гостите кои во последната минута од првото полувреме не реализираа стопроцентна шанса. Во 49 минута Кејн реализираше наивно направен а можеби и престрого досуден прекршок над Рашфорд. По шест минути Кејн му асистираше на Стерлинг за погодок, а во 72 минута по вторпат реализираше единаесетерц слично направен над него како и првиот.

Фудбалерите на Косово го направија едно од најголемите изненадувања ова коло, откако во Приштина со 2:1 ја совладаа Чешка. Косоварите дојдоа до трите бода со пресврт бидејќи Чесите дојдоа во водство во 16 минута преку Шик. Во 20 минута израмни Муриќи, а во второто полувреме кое загуби многу на интензитетот на играа во однос на првото, во 67 минута победата ја донесе Војвода.

Англија е на врвот од табелата со максимални 9 бодови, Косово сега е второ со 8 бодови, а зад нив со Чешка со 6, а Бугарија и Црна Гора имаат по два бода.

Во Групата Б Украинците продолжија со победите, а овојпати на гости со 3:0 ја победија Литванија. Погодоците за Украина ги постигнаа Зинченко, Марлос и Малиновски. Украинците имаат по пет меча 13 бодови и убедливо водат на табечата пред вечерашниот дуел во Белград меѓу Србија и Потугалија.

Во Групата Х Исланд лесно во Рејкјавик дојде до победата од 3:0 над Молдавија и накусо го презема водството на табелата.