Еурофарм Пелистер ќе учествува на „Турнирот на шампионите“ во Добој

Македонскиот машки ракометен шампион Еурофарм Пелистер ќе учествува на популарниот „Турнир на шампионите“ кој ќе се игра во Добој, Босна и Херцеговина.

Турнирот ќе се одржи од 28 август до 1 септември, а на натпреварувањето ќе учествуваат и Веспрем, Татабања, Бешикташ, Загреб, Војводина, Слога и Ал-Ахли.

Пелистер во минатото двапати го освојуваше популарниот турнир, и тоа во 1996 и 1997 година.