Ракометните тимови на Еурофарм Пелистер и Вардар ќе ги одмерат силите во саботното финале од Купот на Македонија, откако битолчани рутински ја оправдаа фаворитската улога на денешниот полуфинален меч против Бутел 38-23.
Маџовски беше предводник на Еурофарм Пелистер со седум гола, по шест постигнаа Периќ и Мандалиниќ, додека кај Бутел најефикасни беа Младеновски и Трифковиќ со по четири погодоци.
Фото: Гол.мк