Земјите членки на Европска унија одобрија азил за повеќе од 330 илјади подносители во текот на минатата година, соопшти денеска Агенцијата за статистика на ЕУ (Еуростат), пренесува МИА.
Агенцијата наведе дека е одобрена меѓународна заштита за 333.350 луѓе што е зголемување за 72 проценти во споредба со 2014 година. Половината, 166.100 мигранти се сириски државјани, 27.600 се од Еритреја и 23.700 од Ирак.
Германија, Шведска, Италија и Франција одобриле поголем број од барањата за азил.
Еуростат нема податоци колку барања се одобрени во 2015 година.