Еуросупер 98 од полноќ певтинува за два денара, Екстра лесното масло за 2,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе нова одлука за цените на нафтените деривати и горива. Од денеска на полноќ, малопродажната цена на бензинот БС-98 се намалува за два денарa за литар и ќе чини 83,5 денари, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 2,5 денари за литар и ќе чини 74 денари за литар.

Цените на БС-95, Еуродизел и Мазутот не се менуваат, односно тие ќе се продаваат по исти цени и утре. Бензинот БС-95 ќе чини 81,5 денари за литар, Еуродизелот изнесува 75,5 денари за литар, а Мазутот ќе се продава по цена од 39,779 денари за килограм.