Ева Лонгорија блесна во секси креација на македонскиот дизајнер Тони Матичевски (ФОТО)

Неговите фустани често се поистоветуваат со скулптури или уметнички дела, а потребна е само една средба со естетиката на необичен бренд за да се вљубите во убавината и сложените детали на безвременскиот дизајн. Тони Матичевски е еден од најреномираните австралиски дизајнери на сите времиња, по потекло од Македонија.

Холивудските ѕвезди го обожаваат – од модната икона Оливија Палермо, преку Кристен Стјуарт до латино дивата Џенифер Лопез.

Последна во низата светски ѕвезди облечени во креација на Матичевски е сексапилната актерка Ева Лонгорија.

Актерката блесна во мал црн фустан, но со вештите раце на Матичевски креиран да го привлече секој поглед.

Црниот фустан под колена, со длабоки изрези од двете страни, навидум прикриено ја откриваат целата сексапилност на жената, а Лонгорија ја поседува и тоа како.

ФОТО: Инстаграм