
Холивудската актерка Ева Лонгорија и нејзиниот сопруг Хозе Пепе Бастон станаа родители на мало момче, објави магазинот „Hola! USA“ заедно со фотографијата на која славната 43-годишна „домаќинка“ нежно го бакнува својот штотуку роден син.
Малото момче се родило во вторник на 19 јуни во болницата Седарс-Синаи Медикал Центар во Лос Анџелес и било тешко 3 килограми. Гордите родители го крстиле Сантијаго Енрике.
„Благодарни сме за овој прекрасен благослов“, изјавиле родителите.