Британската премиерка Тереза Меј итно била евакуирана од зградата на Парламентот по терористичкиот напад во Лондон што се случи во вторникот.
Британскиот таблоид „Сан“ објави ексклузивно видео на кое се гледа како таа била пренесена во нејзиниот автомобил откако терористот го нападнал полицаецот во близина на Парламентот.
Во вторникот напаѓачот прво со автомобил удри во топла што се движела по мостот Вестиминстер. Пет лица загинаа, а 40 се повредени. Меѓу жртвите има еден полицаец, тројца цивили и напаѓачот, кој беше ликвидиран во близина на Парламентот.
Лондонскиот весник „Гардијан“ објави дека напаѓачот е идентификуван како Халид Масуд (52), кој повеќепати е осудуван за извршување кривични дела, но ниту еднаш за некое дело поврзано со тероризам. Тој е роден во Кент како Адријан Елмс.