Евакуиран Врховниот суд на САД поради закана со бомба

Во Вашингтон се евакуираше Врховниот суд на САД поради закана за поставена бомба, пренесува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на службено лице запознаено со ситуацијата.

Според телевизијата, присуството на припадници на Националната гарда е драстилно зголемено во последните половина час.

Зградата на највисоката судска инстанца во САД се наоѓа на една улица спроти Капитол, каде што новиизбраниот претседател Џо Бајден положи заклетва.