Еве кои се најплатени актери во 2015.

На годинешната листа на најплатени холивудски актери на „Форбс“, на првото место се најде Џони Деп.

Неговите скорешни филмови имаа мала заработка од 1.20 долари, во однос на доларот колку што актерот бил за нив платен.

На второ место е Дензел Вашингтон, чии филмови заработуваа по 6.50 долари, во однос на еден долар кој одел на сметката на Дензел.

johnny-depp-nasllll

И Вашингтон и Деп во Холивуд веќе со децении заработуваат милионски цифри, но, според успесите на нивните филмови се утврди дека како актери се „скап ризик“, наведува „Форбс“.

Треторангиран на листата е актерот Вил Фарел, кој за секој долар кој бил платен, на филмот му донел заработка од 6.80 долари заработка.

На листата потоа следат Лијам Нисон, Вил Смит, Кристијан Бејл, Ченинг Тејтум, Бред Пит, Бен Афлек и Том Круз.