Новите истражувања на многумина ќе им паднат тешко, но резултатите велат, кој има повеќе пари има и подобар секс. Жените кои се сврстуваат во припаднички на средната класа, имаат подобар сексуален живот од посиромашните жени, покажуваат најновите истражувања.
Со други зборови, што повеќе жената е материјално ситуирана може да се пофали со поголемо уживање во сексот. Овие жени исто така се запознаени со контрацепцијата.
Шпанските стручњаци кои работеле на тоа истражување не се посебно изненадени од ова откритие.Тие сметаат дека во секс повеќе уживаат жените кои не мораат да се грижат за недостаток на финансии, како и за другите проблеми врзани за тоа.
„Луѓето кои живеат во полоши социо-економски услови уживаат во сексот и генерално се помалку задоволни од своите љубовни врски.Забележано е дека во таа категорија и почесто се јавува сексуално злоставување,“ појаснува докторката Долорес Руиз од Агенцијата за јавно здравје во Барселона. Таа предупредува дека сексуалното здравје не подразбира само недостаток на болести, туку и (не)задоволство од сексот и врската.
Според нејзе, луѓето тоа често и не го разбираат. Инаку, интересно е што друго истражување покажало дека жените сметаат дека сексот е многу подобар со сиромашен маж.