Преку апликцијата за самопопишување заклучно со 08,30 часот утрото во понеделникот се евидентирани вкупно 121.520 лица.
Процесот на самопишување почна на 1-ви март и ќе трае до 21-виаприл, а преку апликацијата се попишуваат македонските државјани кои престојуваат во странство, поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци.
Од 1 март се попишуваат и дипломатите и нивните семејства, а од 1 до 15 март се попишуваа лицата кои се наоѓаат во служба на Армијата, во државата или во странство, лицата во притвор или на издржување казна затвор во затворите, казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови, како и бездомниците.
Пописот на населението, домаќинствата и становите, пак, треба да се спроведе од 1-ви до 21-ви април.