Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола-УКЛО во рамки на соработката со соработката со ЕВН-Македонија денес доби три нови сипендии за студенти од Електротехничкиот отсек при Техниччкиот факултет-Битола.
Стипендиите ќе се користат во академската 2020-2021 година, со што, уште еднаш се потврди квалитетот на кадрите кои се продуцирани од нашиот универзитет, истакна проректорот Марјан Ѓуровски на промотивниот настан во Битола.
-Ваквата успешна соработка со оваа реномирана компанија, воспоставена е уште во 2011-та година со потпишувањето на Меморандум за соработка, а од академската 2011/2012 година започнува и процесот на стипендирање на студенти на нашиот универзитет. На ваков начин, УКЛО во соработка со бизнис заедницата, ги мотивира студентите за постигнување на повисоки резултати и им отвора можност за нивно професионално надградување. Во рамките на оваа активност е и реализацијата на практикантска работа, што им овозможува на студентите поблиску да се запознаат со работата на компанијата, посочи проректорот Ѓуровски.
УКЛО-Битола негува соработка со бизнис заедницата од градот и државата во функција на студентите од тој универзитет беше нагласено за време на доделувањето на три стипендии за битолските студенти.