
Старец остана без еврата и златните лири.
Тешка кражба се случила пред две ноќи во домот на 88-годишниот М.О. во селото Новаќе во Боговиње, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Арамијата успеал да влезе во куќата откако со насилно ја отворил вратата. Со 6.000 евра и 16 златни лири арамијата побегнал во непознат правец.
Полицијата работи на расчистување на кражбата тешка 14.000 евра.