Совтникот на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков ијави дека Евроазијската економска унија(ЕАЕУ), предводена од Русија преговара со Србија за формирање на зони на слободна трговија и преференцијални спогодби.
Освен со Србија, се преговара и со Израел и Сингапур.
Слични разговори се планираат во блиска иднина и со Египет и Индија, изјавил Ушаков.
Тој додаде дека ЕАЕУ ќе потпише спогодба за трговска и економска соработка со Кина и привремена спогодба за формирање на зона на слободна трговија со Иран на 17 мај во Астана, пренсе ТАСС.
Во Евроазиската економска унија денеска членуваат Русија, Казахстан, Белорусија, Киргистан и Ерменија.