На четвртиот ден од Европското кошаркарско првенство Израел и Финска, кои се домаќини на две од четирите групи кои се играат во различни земји, со големи пресврти дојдоа до важни победи кои ги зголемуваат шансите да се пласираат во следната фаза од шампионатот.
Израел во Тел Авив ја совлада Германија со 82:80, иако во последната четвртина влегоа со 12 кошеви предност. Израелците до победата ги водеа Хоувел со 23 кошеви и 9 скокови, и Омри Каспи со 20 поени и 11 скокови. За Германците Денис Шредер уфрли 20 поени и додели 7 асистенции, дека Тајс заврши со 15 поени, 15 скокови и 3 блокади.
Во оваа група Литванија ја победи Италија со 78:73, а Украина беше подобра од Грузија со 88:81.
Во Групата А Финска со голем пресврт надоместија девет поени заостанување на помалку од минута и дваесет секунди до крајот во дуелот со Полска. По две продолженија предводени од 20-годишниот Лаури Марканен со 27 кошеви и 9 скокови, Финците дојдоа до конечната победа од 90-87.
Во истата група Словенија во неизвесен натпревар со 78:72 ја совлада Грција, додека Франција очекувано беше супериорна против Исланд со 115:79.
Во понеделник на распоред се натпреварите од 3-то коло од групите Ц и Д.