ЕвроБаскет 2022: Грција ја преживеа Чешка

Грчката кошаркарска селекција е последниот четвртфиналист на годинешното европско првенство во Берлин, откако многу потешко од очекуваното во осминафиналето ја совлада Чешка со резултат 94:88 (20:20, 21:25, 22:22, 31:21).

Чесите благодарејќи на своите најдобри играчи Саторански и Весели по трите четвртини имаа предност 67:63, запирајќи го на само четири поени во првиот дел Јанис Адетокумбо. Но во првите пет минути од последната делница чешкиот напад застана, постигна само три поени што Грција го искористија за серијата 15:3 со која стасаа до водството 78:70.

На влезот од последната минута на натпреварот Грција имаше предност 88:83, Чешка имаше напад но Бохачик беше неуспешен во обидот за три поена. Во следниот напад Адетокумбо постигна „тројка“ на истекот од нападот за недостижните 91:83.

Јанис натпреварот го заврши со 27 коша и 10 скокови, Ник Калатес додаде 14 поени. Кај Чешка предничеа Јан Весели со 21 кош а Томаш Саторански постигна само три коша но со 17 асистенции и 8 скокови.

Куриозитет е што ова дуелот меѓу Грција и Чешка за малку ќе беше четвртиот од неделната осминафинална програма кој заврши со идентичен резултат 94:86. Претходно со овој резултат Италија ја совлада Италија, Финска беше подобра до Хрватска а Полска ја доби Украина.

Така во вторник Грција во четвртфиналето ќе игра против домаќинот Италија а истиот ден ќе се соочат Шпанија и Финска Во среда за место во полуфиналето ќе се одлучува и во пресметките меѓу Франција – Италија и Словенија – Полска.