Евролига: Болни порази на Партизан и Ѕвезда, Реал убедлив во Минхен

Кошаркарите на Фенербахче го победија Партизан во Истанбул со резултат 91:76. Од доаѓањето на Шарунас Јасикевичиус на клупата, турскиот тим забележа дури 10 победи, а само загуби од Црвена ѕвезда. „Црно-белите“ го продолжија периодот на послаби изданија, па го забележаа вториот последователен пораз во Евролигата.

Избраниците на Жељко Обрадовиќ имаа плус 17 по првата четвртина, но Фенербахче намали до полувремеот, направи пресврт во третата четвртина, а потоа на почетокот од четвртата делница го прекрши натпреварот со „тројките“ на Марко Гудуриќ и Тајлер Дорси.

Кај домаќините најдобар беше Дорси со 24 поени, додека Гудуриќ имаше 15 со три скока. Нејт Сестина исто така помогна со 14 поени и четири скока, додека Најџел Хејс-Дејвис имаше 12 поени и седум скока. Кај Партизан, Кевин Пантер постигна 18 поени со четири скока, Џејмс Нанали 14, а Бруно Кабокло 13 поени со четири скока.

Она што е лошо за Партизан е фактот што сега има лош скор во директната пресметка со Фенербахче кој во Белград беше поразен со само еден кош разлика. Турскиот тим сега има скор 12-8, додека Партизан е 10-10.

Црвена ѕвезда, пак, се доста се посрами бидејќи вториот најлош тим во Евролигата постигна 100 поени и по овој натпревар ја оствари само четвртата победа сезонава. Амбициите на Ѕвезда за плеј-офот се прилично намален со овој пораз, бидејќи тимот на Јанис Сферопулос сега има биланс од осум победи и 12 порази.

Во последната четвртина „црвено-белите“ примија дури 30 поени и тоа го реши победникот на овој меч. Гостите од Белград подобро го отворија првиот дел, со поените на Немања Недовиќ и Јаго дош Сантош. „Црвено-белите“ успеаја да поведат со девет поени разлика, но домашните заиграа побрзо и ја намалија разликата преку транзицијата.

Двете екипи во втората четвртина влегоа расположени, но не одиграа агресивна одбрана. На едната страна се истакнаа Џефри Ловерњ и Тимоти Луваву-Кабаро, а за гостите погодија Милош Теодосиќ и Адам Ханга. Како што одминуваше времето, така процентот на шут кај двете екипи се намалуваше. Динамиката на натпреварот се менуваше со честитњ фаули, но во тие моменти домашните подобро се снајдоа и на паузата заминаа со три поени предност.

Во третиот дел Асвел ја зголемуваше предноста најмногу со поени од далечина. Се истакна Парис Ли кој беше најрасположен во својот тим. На другата страна важни кошови за гостите носеше Дош Сантош. Се играше кош за кош до крајот на четвртината, бидејќи одбраната на двете екипи не функционираше. Во последната четвртина нападот на Црвена увезда речиси целосно запре. Само Ханга поентираше, додека домашните го затворија рекетот и не дозволија лесни проигрувања или влезови до кошот. Процентот на шутот повторно почна да опаѓа, па публиката гледаше многу мачен натпревар со малку кошеви. На половина од последната четвртина Асвел дојде до значително водство со серија од 8:2, која гирачите на Ѕвезда се обидоа но не успеаја да ја загрозат

Победничкиот тим го предводеше Парис Ли со 20 поени и шест асистенции, додека Жофри Ловерњ додаде 17 поени. Во тимот на Црвена звезда се истакна Немања Недовиќ со 26 поени.

Кошаркарите на Реал Мадрид го победија тимот на Баерн во Минхен со 92:71, во натпреварот од 20. коло од Евролигата. Реал ја забележа 18-та победа и се уште е убедливо прв во поредокот во Евролигата, додека Баерн сега има скор од 8-12.

Најефикасен во победничкиот тим беше Винсент Поаре со 18 поени, Марио Хезоња постигна поен помалку, Џанан Муса постигна 16, додека Серхио Љул мечот го заврши со 13 поени. Силван Франциско беше најдобар поединец во редовите на Баерн со 14 поени, додека Леандро Болмаро постигна 11 поени.

Кошаркарите на Реал во следното коло од Евролигата ќе ја пречекаат Валенсија, додека германскиот тим ќе гостува кај Фенербахче.

И кошаркарите на Монако на домашен терен ја победија Басконија со резултат 93:83. Во тимот од Кнежевството најефикасен беше Мајк Џејмс, кој се промовира за титулата МВП на Евролигата, со 26 поени и седум асистенции, додека Донатас Мотијејунас придодаде 13 поени и четири скока. Екипата на Басконија ја предводеше Маркус Хауард со 33 поени.

Евролига – 20. коло
Фенербахче – Партизан 91;76
Монако – Басконија 93:83
Баерн – Реал Мадрид 71:92
Панатинаикос – Анадолу Ефес 83:76
Асвел – Црвена ѕвезда 100:91
Милан – Алба Берлин 82:76
Валенсија – Жалгирис 79:84

Во среда ќе играат:
Барселона – Олимпијакос
Макаби ТА – Виртус Болоња

ТАБЕЛА:

1. Реал Мадрид 20 18 2 1726-1489
2. Виртус Болоња 19 14 5 1569-1517
3. Барселона 19 13 6 1574-1507
4. Панатинаикос 20 12 8 1612-1541
5. Фенербахче 20 12 8 1650-1598
6. Олимпијакос Пиреја 19 11 8 1443-1391
7. Макаби Тел Авив 19 11 8 1623-1657
8. Монако 20 11 9 1618-1581
9. Валенсија 20 10 10 1522-1520
10. Партизан 19 10 9 1646-1652
11. Басконија Виторија 20 10 10 1639-1660
12. Армани Милано 20 9 11 1562-1505
13. Црвена ѕвезда 20 8 12 1638-1618
14. Баерн Минхен 20 8 12 1527-1604
15. Жалгирис Каунас 20 7 13 1567-1611
16. Анадолу Ефес 20 7 13 1614-1729
17. Асвел Вилурбан 20 4 16 1577-1725
18. Алба Берлин 20 3 17 1506-1708