Евролига: Партизан со драма и пресврти го победи Панатинаикос

Кошаркарите на Партизан го победија Панатинаикос во преполната белградска „Арена“ со 92:87 по продолжението во 11. коло од Евролигата.

Во првото полувреме беше многу неизвесно, ПАО успеа да се одлепи на плус 8 во втората четвртина, но Партизан направи голема серија и поведе пред долгата пауза со 39:38. На почетокот на третата четвртина црно-белите беа подобриот ривал, запреа реализацијата на Панатинаикос, но успеа да направи пресврт и да поведе со 54:56 пред четвртата четвртина по кошот на Динос Митоглу.

Грчкиот тим одлично го отвори четвртиот период, во неколку наврати имаше и двоцифрена предност, но Партизан успеа да се врати и да се избори за продолженија предводен од Кевин Пантер и Пи Џеј Даузер. Во оваа делница домашните водеа од почеток до крај, одиграа квалитетна одбрана и заслужено славеа на крајот.

И во регуларниот дел Партизан имаше напад за победа, но Пантер ја загуби топката, додека на другата страна Григонис не шутираше навреме, па неговиот погодок не се важеше.

Најдобар играч во дресот на Партизан беше Зек Ледеј со 23 поени и пет скока, додека Даузер забележа 16 поени, седум скока и четири асистенции. Пантер беше херој поради важните поени во четвртата четвртина, а заврши со 13 поени и три асистенции. За одбележување е и играта на Бруно Кабокл, кој имаше 12 поени и пет скока со една многу важна блокада.

Кај Панатинаикос, Кендрик Нан постигна 19 поени, пет скока и три асистенции, додека Матијас Лесор постигна 16 поени со шест скока.

Партизан сега има 5-6, додека ПАО 6-5.