Евролига: Предност за Барса и Олимпијакос

Кошаркарите на Барселона и на Олимпијакос дојдоа на чекор од пласман на завршниот турнир на Евролигата, откако во средата вечерта во третите четвртфинални дуели остварија победи и поведоа со 2-1 во сериите до три победи.

Олимпијакост славеше со 87:83 на гостувањето кај Монако, а Барселона во Минхен со 75:66 беше подобра од Баерн. Во петок, повторно во Минхен и во Монте Карло, домашните екипи ќе имаат шанса да изборат решавачки петти натпревар.

Барселона до победата во третиот меч ја предводеше Никола Миротиќ со 25 коша. Кај Баерн, пак, најдобар беше Владимир Лучиќ со 17 поени.

Олимпијакос до победата дојде благодарејќи во прв ред на Костас Слукас кој оствари 21 поен, како и на Саша Везенков кој врза 17 коша и 9 скокови. Најдобар стрелец кај Монако беше Двејн ВБејкон со 23 коша.