Европа стана првиот регион во светот кој надмина 50 милиони заразени со коронавирусот SARS-CoV-2 во понеделникот, според податоците кои ги собира агенцијата Reuters, додека повирулентната делта варијанта на вирусот се шири и сѐ повеќе го зголемува бројот на дневните инфекции.
Европскиот регион има милиони новозаразени на секој осми ден и пријави речиси 1,3 милиони смртни случаи откако започна пандемијата на самиот почеток од 2020 година.
Делта варијантата, односно индискиот сој на коронавирусот, која е многу позаразна од оригиналната верзија на вирусот, е детектирана во околу 100 земји и сега е доминантна во светот. На неа ѝ се припишуваат острите скокови на дневни коронаинфекции во светот.
Европските инвеститори стравуваат дека делта варијантата би можела да го забави глобалното економско закрепнување.
„Вложувачите се силно загрижени дека уште едно затворање би можело да настапи по еден или два“, вели за Reuters Рас Мулд, инвестициски директор во „ AJ Bell“.
Европа има 27 отсто од сличаите на зараза со коронавирусот во светот и 31 отсто од смртните случаи. На регионот му беа потребни 194 дена за да дојде од 25 до 50 милиони заразени, ддодека за првите 25 милиони беа потребни 350 дена.
Русија и Франција се приближуваат до бројката од шест милиони заразени од почетокот на пандемијата.
Франција имаше еден од најстрогите „локдауни“ во Европа, а сега бара потврда за вакцинирањро за влегување на многу места од почетокот на август, како и задолжителното вакцинирање за здравствените работници. Тоа овој викенд предизвика голеи протести ширум земјата.
Англија во понеделникот ги укина речиси сите рестриктивни мерки, но ткн Ден на слободата беше затемнет со сѐ поголеите бројки на заразените и со лошите прогнози за претстојниот период.
Холандија на крајот од минатата седмица објави дека на сила повторно се препораките за работа од дома, само неколку седмици откако ги укина, како и некои рестрикции кога станува збор за работата на баровите, рестораните и ноќните клубови.
Грција, пак, бара од посетителите на рестораните и кафулињата да покажат потврда за вакцинирањеро за да можат да влезат во внатрешноста на објектите.
Светот вкупно забележа над 190 милиони заразени со короанвирусот и четири милиони починати од компликациите предизвикани од коронавирусната болест Covid-19.