Европа ги донесе, Европа ги сруши

Европа ги донесе, Европа ги сруши. Владата која беше донесена со надворешна интервенција и која „влеваше„ надеж го изневери и она тронка очекување, а го наследи стариот комунистички принцип на владеење во кој се богатат само функциионерите а народот се иселува, систем каде сиромаштијата продолжи да расте енормно, а рекетот да цвета. Една таква влада повеќе не заслужува доверба и не заслужува да владее со оваа Света Земја и истата да ја распродава и раскрчмува, да ја нуди како зеленчук на пазар.Најголемата надеж на рекетарската криминална дружина беше датумот за преговори со ЕУ и истиот го гледаа како сламка за спас во пропаѓањето во живиот песок. За жал тие мислеа дека ЕУ всушност е боки тредичи и Катица па лесно ќе се договорат за датумот. Во тие кои највеќе веруваа не само што не им подадоа рака туки тие истите им фрлија камен за што побрзо да пропаднат.Сега кога истите се пропаднати, а сеуште претаат барајќи спас ние како народ треба да реагираме. Tреба на оваа дружина да им го зададеме последниот удар за да потонат во јамата со жив песок, а од нив да не остане ништо освен едно лошо сеќавање дека таму постоела дупка каде просперирале луге кои биле штетни по државата и народот.Тој последен удар ќе се зададе на 12 Април кога народот достоинствено со крената глава ќе гласа за обнова на се она што тие растурија, за обнова на нашата Македонија.

Михаил Новковски