Европа не може без рускиот гас

Финскиот премиер Јирки Катаинен се сомнева во можноста дека Европа може да се откаже од гасот од Русија.

“На Русија и се потребни приходите од гасот во Европа, а на Европа и е потребен рускиот гас. Оваа взаемна зависност може да биде позитивна. Потполното откажување од рускиот гас нема смисла и економски е невозможно,“ изјави Катаинен.

Тој додаде дека во наредните пет години, Европа треба да направи нацрт-програма за зголемување на својата енергетска независност, пренесува Итар-тас.

Транзитот на рускиот природен гас во Западна Европа преку Украина е намален во периодот од јануари до април за 7,64 отсто во однос на истиот период лани, информираше „Укртрансгас“, компанија која управува со гасоводите во Украина.

Компанијата објави дека Украина во април годинава примила 2,6 милијарди кубни метри гас, што е зголемување за 77 отсто во однос на истиот месец минатата година.