Комесарот на Европската унија за финансиски и економски прашања, Пјер Московиси во средата остро го осуди „гротесктниот“ перформанс на италијанскиот пратеник во Европскиот парламент, Анџело Чока, кој ден претходно на прес-конференцијата со чевелот ги „изгази“ хартиите на Московиси протестрирајќи на тој начин против одлуката на Европската комисија да го одбие предлогот за буџетот на Италија за 2019 година.
Во одлуката којашто е донесена првпат во историјата, Европската комисија во вторникот одби да го усвои предлогот за буџетот на Италија за 2019 година, предупредувајќи ја владата на оваа земја којашто ја сочинуваат евроскептичното и антиестаблишент Движење пет ѕвезди и десната партија Лига, дека значително отстапила од правилата за ткн буџетска дисциплина во еврозоната.
На крајот од прес-конфернцијата, пратеникот Анџело Чока од партијата Лига се качи на подиумот зад грбот на Пјер Московиси, ја зема својата обувка и со неа симболично „ја изгази“ документацијата којашто еврокомесарот малку претходно ја користеше при аргументирањето на одлуката на Европската комисија.
Чока на Twitter објави дека за перформансот користел чевел произведен во Италија, а дека Московиси изговорил „купишта“ лаги против Италија. „Рим заслужува почитување, а овие #Евроимбецили мора да сфатат дека нема повеќе да ја веднеме главата“, додаде европаралментарецот.
„Епизодата со чевелот е гротескна… Во почетокот се смееме и ја банализираме сиутацијта бидејќи е смешна, потоа се навикнуваме на прикриеното симболично насилство, а тогаше еден ден се разбудувме со фашизам. Да останеме будни! Демокртијата е кревко благо“, предупреди Московиси.
Рим и Брисел најавија дека ќе водат „конструктивн дијалог“ по прашањето на спорот околу буџетот, но италијанската влада инсистира да го усвои онаков како што го предложи.
Европската комисија го отфрли во вторникот предлогот на владата на Италија за буџетот за следната 2019 година, оценувајќи дека на „незапаметен“ начин се кршат европските правила и побара од Рим да го ревидира во рок од три седмици или ќе се соочи со дициплински мерки.
Европската комисија го стори ова првпат откако има овластувања за тоа, воведени во текот на должничката криза којашто во 2013 година ги зафати особено јужните земји членки на Европската унија, односно на еврозоната. Одлуката ја донел колегиумот на комесарите на Европската комисија, кој се состанал на маргините на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур.