Европол предупреди во понеделникот дека ризикот украинските бегалци да станат жртви на мрежите на трговците со луѓето во Европската унија, повикувајќи ги земјите кои ги примаат Украинците да бидат претпазливи.
„Бројката потенцијални жртви кои пристигнуваат од Украина би можел да привлече изолирани агресори и опортунисти кои се претставуваат како добронамерни, како и криминални мрежи специјализирани за трговија со луѓе“, се наведува во соопштението на европската полициска агенција.
Според Европол, најмногу загрижуваат пограничните области, центрите за профаќање и сместување на бегалците, како и сообраќајните јазли како што се железничките и автобуските станици.
„Источна Европа е клучниот извор на жртвите на трговијата со луѓе кои се искористиваат во целата Европска унија. Тоа е и регионот од кој потекнуват членовите на многуте криминални мрежи“, истакнуваат од Европол.
Повеќето од бегалците од Украина се жени, деца и ранливи групи луѓе, коишто лесно можат да станат жртви на сексуално искористување и присилна работа, како и да бидат присилени на криминал и питачење.
Според податоците на Обединетите нации, од Украина, од почетокот на руската офанзива на 24-ти февраури до понеделникот излегле околу 3,5 милиони луѓе кои се регистрирани.