![evropol](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/05/evropol.jpg?resize=590%2C393&ssl=1)
Во Белгија и Франција уапсени се 26 лица, членови на криминална мрежа, заради криумчарење илегални мигранти и при тоа конфискувани се три возила, пари и електронска опрема, објави денеска Европол.
Операцијата ја спроведе полицијата на Белгија и Франција со помош на Европол, а при претрес на 27 куќи пронајдени се 21 мигрант кои се пренесени на безбедно.
Криминалната група е осомничена за транспорт на мигранти, претежно од Виетнам преку Белгија и Франција во Велика Британија и се верува дека криела мигранти пред да бидат оставени на нивната крајна дестинација преку Ла Манш.
Неколку месеци групата пренесувала неколку десетици мигранти дневно, а криминалните активности биле делумно опасни поради транспортните услови.