Европратениците од Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент ја поздравија седмата последователна препорака на Европската комисија за отворање на преговорите за членство на Македонија во Европската унија и побараа итно отворање на истите, а не да се чекаат изборите во април.
Ова, како што пренесува МИА е генералната порака од европратениците во дебатата со комесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, при неговото претставување на извештаите за напредокот на земјите од процесот на проширување за 2015 година, а пред АФЕТ-групата на Европарламентот.
– Сериозни закани за стабилноста и се заканија на Македонија, која треба да ги спроведе политичките реформи. Сепак, земјата заслужува отворање на преговорите за члеснтво во ЕУ, што е нешто што се препорача шестпати досега, но досега не се отворени и тоа ја загрозува стабилноста меѓу заедниците во таа земја, порача Чарлс Тенок од Партијата на европските конзервативци и реформисти.
Известувачот за Македонија до Европарламентот, Иво Вајгл, истакна дека проширувањето на ЕУ не е популарно прашање, но дека бегалската криза покажала дека на земјите долж балканската рута мора да им се изразиме почитување. Според него, многу е лесно да се критикува и поедноставно е отколку тие земји да се разберат бидејќи се во лоша економска состојба, со тоа и уште еден аспект, а тоа е геостратешката положба во европското соседство.
– Во однос на Македонија, важно е Македонија да ги превземе сите обврски што произлегуваат од договорот од Пржино и важно е ЕК да ги одреди задачите. Комесарот Хан даде условна согласност на земјата за почеток на преговорите за членство на земјата во ЕУ, рече Вајгл.
Словенечкиот европратеник Алојз Петерле, пак, порача дека му е драго што дојде до нормализација на состојбата во Македонија, со помош на ЕК и на европратениците и дека тој би сакал „и понатаму да се засилува внатрешно-политичката кохезија и да и се помогне на Македонија побрзо да и се приклучи на ЕУ”.
– Не треба да ги чекаме следните избори и по истите да поттикнеме некои работи, сега мораме да работиме на напредокот на Македонија – истакна Петерле.
Кристијан Дан Преда од Европската народна партија (ЕПП) рече дека политичката криза во Турција и Ма