Европратеникот Џамбаски објави писмо од бабата на Шекеринска: За ова се борел нејзиниот сопруг! (ФОТО)

Бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски, кој истовремено е и потпретседател на партијата ВМРО-БНД, на социјалната мрежа Твитер објави фотографија од писмо за кое тврди дека е сопственост на бабата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Како што може да се забележи на фотографијата, писмото е испратено во 1943 година од Штип, а испраќач е Радка Александрова Шекеринова.

„Ова е писмото испратено од бабата на Радмила Шекеринска, министерка за одбрана на РСМ, до директорот на одделот за пензии во кое бара помош. Забележете за што се борел нејзиниот покоен сопруг“, напиша Џамбаски на Твитер.