![preview](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/04/preview-1.jpg?resize=696%2C461&ssl=1)
Европската комисија повеќе нема да ги купува векторските вакцини коишто ги произведуваат „AstraZeneca“ и „Johnson&Johnson“, туку во иднина ќе се потпира на вакцините направени на платформата на ткн „гласничка“ РНК (mRNK), кои ги произведуваат „Pfizer/BioNTech“, „Moderna“ а ја развива и германски „CireVac“, изјави во средата германскиот демохристијански пратеник во Европскиот парламент, Петер Лизе.
Лизе за новинарите во Брисел рекол дека оваа информација ја добил од Европската комисија. Според тие информации, ЕК сака да купи 900 милиони дози од вакцините кои се направени на база на mRNK за 2022 и 2023 година и нема да ги обновува договорите со другите производители на вакцините против Covid-19.
„Векторските вакцини на Johnson&Johnson и AstraZeneca се добри вакцини и треба да ги користиме за да ја ставиме пандемијата под контрола до летово…, но иднината им припаѓа на вакцините на база на mRNK, кои очигледно се поефикасни од векторските и се чини дека имаат помалку нуспојави“, изјавил Лизе, лекар по струка, кој во Европската народна партија (EPP) е задолжен за здравството.
Лизе додал, без приложување аргументи од испитувања, дека најголемата предност на вакцините на база на mRNK е тоа што можело побрзо да се прилагодуиваат на новите соеви на вирусот.
Во петокот, пак, водечкиот научник и директор на институтот кој ја изработи вакцината, Александер Гинцбург, изјави дека руската вакцина против Covid-19 „Спутник V“ е помалку ефикасна на јужноафриканскиот сој на коронавирусот, но тој пад е многу помал отколку кај другите вакцини. Руската вакцина, се дава како и другите вакцини освен „Johnson&Johnson“ во две дози, со ткн „вирусен вектор“, односно основата се други вируси кои се направени неопасни и прилагодени врз сузбивање на коронавирусот.
Вакцината „Спутник V“ била тестирани во лаборатории во САД на британскиот и на јужноафриканскиот сој, како и на оригиналната варијанта на коронавирусот SARS-CoV-2 кој беше првпат идентификуван кон крајот на декеври 2019 година во кинеската покраина Хубеи. Лабораториите ги користеле примероците од крвта од луѓе кај кои била применета вакцината „Спутник V“ во Аргентина, а во тие испитувања не учествувале руски научници, за да се исклучи сомневањето за наводна пристрасност.
„Иако одговорот на антителата на јужноафриканската мутација е посилен, тој пад во случајот на ‘Спутник V’ е значително помал отколку што е падот кај другите вакцини“, тврди Гинцбург.
„Се покажа, исто така, дека од сите вакцини коишто моментално се користат во светот, ‘Спутник V’.. најдобро ја неутрализира варијантата коајшто ја нарекуваме ‘британски сој’“, вели Гинцбург.
Вакцините на база на mRNK содржат „упатства“ за создавање на протеинскиот шилец на коронавирусот преку кој ги заразува здравите клетки на човековиот организам и „спакувани“ во липидот, како што се објаснува во списанијата. Врз основа на тие упатстава самите клетки на организмот може да го произведат тој протеин кој е единствен за овој коронавирусот. Човековиот имунолошки систем препозната века овој уникатен протеин не би требало да биде во организмот и реагира со природна одбрана од зараза со Covid-19 со создавање антитела, како што објаснуваат антитела.
Вирусните векторски вакцини го корстат ослабениот или умртвен вирус кој пренесува генски информации за создавање на протеинстките шилци на коронавирусот.