Еден од основачите на Златна зора и вториот човек во партијата, осуден на 13 години затвор за формирање криминална организација Христос Папас, според грчката телевизија Star, се крие во манастир во Србија, каде што нелегално стигнал преку Македонија.
Откако во октомври минатата 2019 година судот ја соопшти пресудата во процесот против Златна зора, Папас беше недостапен за властите а издадена е и европска потерница.
Грчката телевизија Star, повикувајќи се на свои информации објави дека вториот човек на неонацистичката партија, со фалсификувани документи, преправен во монах, преку нашата земја стигнал до Србија, а истрагата е фокусирана на српски манастири што имаат блиски односи со грчки монаси кои се водат според стариот календар.
На рочиштата во последните месеци од судењето, Папас се појавуваше со брада, што според терлевизијата имло цел да може целосно да се вклопи во улогата на монах.
Христос Папас е единствениот член на Златна зора што побегна и четири месеци подоцна е недостапен за властите, а заедно со Јанис Лагос, кој е европратеник се единствените кои се осдудени и сè уште не се во затвор