Европската комисија бара земјите членки итно да ги диверзифицираат добавувачите за 5G

Земјите членки на Европската унија мора итно да преземат чекори за да ги дивезрифицираат добавувачите за своите мобилни мрежи од петтата генерација (5G), порача во петокот Европската комисија, што претставува всушност попуст пред притисокот од САД и Унијата како и Велика Британија и Франција да оневозможат учество на кинеската корпорација „Huawei“ во нивната телекомуникациска инфраструктура.

Европската унија ланскиот ноември реши да заземе поостар став по прашањето на добавувачите за 5G мрежите за да ги намалат наводните безбедносни ризици од новата генерација за мобилните мрежи, кои се смета за клучна за раст на економијата и компетитивноста.

Стратегијата вклучува намалување на зависноста на земјите од ЕУ и телекомуникациските оператори од еден добавувач. Најголемиот светски произведувач на телекомуникациска опрема кинески Huawei е конкуренција на финска „Nokia“ и на шведски „Ericsson“.

„Постигнат е одреден напредок, но потребно е да се одработи уште многу. Напредокот е неопходен за да се намали зависноста од високоризичните добавувачи, а исто така земајќи ја предвид целта за намалување на зависноста на ниво на Унијата“, порача Европската комисија.

„Предизвиците се идентификувани за да се осмислат и да се имплементираат соодветни стратегии за диверзификацијата на добавувалите за поединечните мобилни оператори или на национално ниво поради технички или оперативни тешкотии“, се додава во соопштението на ЕК.

Недостигот од интероперабилноста и големината на земјите, исто така, се наведени како некои од проблемите.

Претходно во четвртокот извори на Reuters изјавија дека Франција, како и Велика Британија, воведува де-факто забрана за учество на кинески „Huawei“ во проектот за развивање на 5G мрежаа. Ваквите чекори се толкуваат како резултат на притисокот од САД кој тврди дека кинеската корпорација шпионира во полза на владата во Пекинг, што од „Huawei“ повеќепати остро го демантираа.

Функционери од ЕУ за Reuters рекле дека отстранувањато на добавувачите од висок ризик и дополнителните трошоци нема да го нарушат воспоставувањето на 5G мрежата ширум Унијата, како и дека „Ericsson“ и „Nokia“ можат да се справат со побарувачката.

„Доколку ја погледата ситуацијата ширум светот ‘Nokia’ и ‘Ericsson’ имаат голем удел на светскиот пазар, која станува збор за договорите потпишани ширум светот за овозможување на 5G. Овие две компании заедно имаат повеќе од 50 до 60 отсто, 65 отсто. Мислам дека европските добавувачи можат да го овозможат она што ни е потребно, не само за Европа, туку и за поголем дел од светот“, рекол неименуван функционер на ЕУ.

Европската комисија, исто така, побарала од 13 членки на Европската унија, без одложување да го усвојат механизмот за контрола на директните странски инвестиции. Овој механизам им овозможува на валдите на земјите членки на ЕУ да интервенираат во случаите на директните странски инвестирања во стратешките компании, особено доколку во тоа се вклучени странски компании кои се под контрола или ги финансира државата.