Компаниите ја губат довербата во Кина поради „нефлексибилните“ мерки за сузбивање на ширењето на короанвирусната болест Covid-19, предупредува во извештајот од средата европското деловно здружение, предупредувајќи и на трендот на повлекувања од кинескиот пазар.
Во изминатата година се искристализирал „остриот контраст“ меѓу Кина и остатокот од светот, имајќи предвид дека другите земји доследно искажувале подготвеност на учество во глобализацијата, додека Кина континуирано се свртувале кон себеси, изјави претседателот на Европската комора, Јерг Вутке.
„Светот живее со колективниот имунитет, а Кина чека светот да се отараси од омикрон варијантата, што, секако, е малку веројатно“, рече Вутке, мислејќи на строгата кинеска политика на нулта толеранција на Covid-19.
Таквата политика на кинеските здравствени власти резултираше со повремени „затворања“ во поедини делови од земјата и повремени забрани за меѓународни патувања во тие региони.
Пекинг смета дека таквата политика е неопходна за да се спречи преоптовареноста на кинескиот здравствен систем во пренаселените мегалополиси и неприфатливото губење човечки животи.
Европските компании, пак, го застапуваат ставот дека Кине „треба да се воздржи од непредвидените промени на мерките“, да ја продлабочи соработката со Европската комисија и да го зголеми бројот на меѓународните летови.
„Европската унија би требало проактивно да соработува со Кина и да ги отфрли повиците на повлекување од азискиот гигант“, порачува споменатото деловно здружение без да наведе од каде доаѓаат тие повици.
Авторите на извештајот утврдиле дека рекорден број компании настојуваат да ги пренасочат моменталните или планираните вложувања на други пазари.
Покрај Covid-19, Европската стопанска комора го издвоија и „запирањето на реформите на државните компании, егзодусот на европските државјани од Кина, со ограничување на патувањата на кинеските работници во странство, и поинтензивната политизација на деловното работење“.
Кина е меѓу малкуте земји коишто од патниците од странство бара карантин по пристигнувањето, а Комората според Вутке и натаму се надева дека ограничувањата би можело да бидат ублажени по конгресот на владејачката Комунистичка партија кој почнува на 16-ти октомври.
Актуелниот премиер Ли Кечијанг би требало да се повлече од должноста во март следната година, а неговата главна задача на должноста челник на владата е токму управувањето со економијата. Вицепремиерот Лиу Хе треба да оди во пензија и ќе биде тешко да биде заменет, вели Вутке, имајќи предвид дека се залагаше за реформи.
„Мораме да видиме каква ќе биде поставата којашто ќе ги носи економските одлуки, тоа би можело да ни даде некои сигнали во којашто насока земјата (Кина) ќе оди“, рече Вутке,