Челниците на европските партии од крајната десница, меѓу кои Марин Лепен и Геерт Вилдерс, на својот состанок во саботата во чешката престолнина Прага изразија задоволство поради „историскиот настан“ во Австрија каде што лидерот на Слободарската партија на Австрија (FPOe), Хајнц-Кристијан Страхе се подготвува да ја преземе должноста вицеканцелар..
Челниците на европските крајно десни партии обединети во политичката групација во Европскиот парламент основана пред две години под називот „Европа на нации и слободи“, на конференцијата под наслов „За Европа на суверени нации“ во Прага треба да работат на унапредување на меѓусебната соработка.
„Можеме само да го поздравиме фактот што во денешна Австрија партија од нашата фракција во Европскиот парламент е сфатена сериозно во таа мера што дои своја можност во владата“, изрази задоволство пред новинарите Геерт Вилдерс, претседател на Партијана слободата (PVV) на Холандија.
Претседателката на францускиот Национален фронт, Марин Лепен, го поздрави „навистина историскиот настан“. Лепен, којашто во мај годинава загуби во вториот круг од претседателските избори во Франција во трката со Емануел Макрон зад кој застанаа и конзервативците и социјалистите, му пружи од собирот во Прага поддршка на рускиот претседател Владимир Путин кој во март следната година повторни ќе се кандидира на претседателските избори.
„Што се однесува до Националниот фронт, секако дека сакаме победа на Владимир Путин. Мислиме дека Франција и Русија мора да ги подобрат своите дипломатски односи. Русија е голема земја и навистина нема никакви причини да биде изолирана на меѓународната сцена. Значи, не постои ниедна причина непријателски да се однесуваме кон Русија, како што тоа го прави Европската унија низа години“, рече Марин Лепен.
Пристапот на новинарските екипи до учесниците на собирот беше ограничен на прес-конференцијата.
Чешката полиција ги зголеми безбедносните мерки во Прага откако бројни групи од левицата најавија протесни собири. Полицијата обезбеди и лична придружба за холандскиот челник Геерт Вилдерс, кој доби смртни закани поради своите предлози кои се непријателски ориентирани кон исламот.
Движењето за Европа на нациите и слободите (MENL) ги обединува заедно Националниот фронт на Марин Лепен, челникот на австриската Слободарска партија, Хајнц-Кристијан Страхе, италијанската регионалистичка Северна лига водена од Лоренцо Фонтана, и холандската Партија на слободата на Геерт Вилдерс. Во движењето членови се и полскиот десничарски лидер Михал Марусик, како и Маркус Прецел од германската еврскептичната и антидоселеничка Алтернатива за Германија (AfD), и Џенис Еткинсон поранешна членка на Партијата за независност на Велика Британија (UKIP).
Сите нив во Прага ги покани новата појава на десничарската политичка сцена Томио Окамура,чијашто противдоселеничка партија во Чешка, наречена Слобода и директна демократија (SPD) основана во 2015 година,м доби 10,6 отсто од гласовите на чешките парламентарни избори во октомври годинава.
Томио Окамура, роден во Токио, го издејствува ваквиот добар изборен резултат благодарејќчи на својата антиимиргантск и антиевропски дискурс, а ја ужива и поддршката од чешкиот претседател Милош Земан, кој доаѓа од левицата, но е познат по своите проруски, прокинески и антиисламски ставови. Земан минатиот викенд присуствуваше на конгресот на SPD.