Европските и латиноамериканските земји коишто учествуваат во четвртокот во уругвајската престолнина Монтевидео на првиот состанок на ткн контактна група за Венецуеала, повикаа на „исклучиво венецуелско решение“ на кризата преку „слободни, транспарентни и веродостојни претседателски ибори“, во оваа земја богата со нафта и други природни ресурси која се најде во тешка економска и политичка криза, за да се спречи дестабилизација на регионот и на поширокото подрачје.
„Групата повикува да се утврди заеднички меѓународен став за да се пружи поткрепа на мирното, политичко, демократски и исклучиво венецуелско решение на кризата, без примена на сила, преку слободни, транспарентни и веродостојни претседателски избори, во согласност со венецуелскиот устав“, се истакнува во завршната изјава која ја потпишаа сите земју учеснички, освн Боливија и Мексико кои го поддржуваат социјалистичкиот претседаетел Мадуро, пренесува агенцијата Reuters
Мадуро, кој на почетокот од јануари стапи на вториот претседателски мандат по победата со над 60 отсто на изборите минатата година, отфрли секаква можноста да ги послуша ултиматумите и да распише предвремени претседателски избори.
„Најголемата дилема пред којашто е Венецуела е дилемата мир или војна“, предупреди уругвајскиот претседател Табаре Вазкез, на почетокот од состанокот, повикувајќи ја меѓународната заедница на „претпазливост“, додека политичките тензиии во споменатата латиноамериканска земја достугнува кулминација.
„Најважно е да се спречи насилството и интервенција однадвор“, истакна високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика,. Федерика Могерини. Предупреди на „итноста“ на ситуацијата којашто „се заканува со дестабилизација, не само во регионот“.
Могерини и претставници на осум европски земји: Франција, Германија, Велика Британија, Холандија, Португалија, Шпанија, Шведска и Италија која се спротистави на ултиматумот на ЕУ, како и на пет латиноамерикански земји: Уругвај, Костарика, Боливија, Еквадор и Мексико, учествуваа на првиот состанока на Контактната група за Венецуела на чие формираше повика ЕУ кон крајот на јануари. Мексико учествува во работата на групата, но официјално не е нејзин член. Состанокот е одржан по сличниот состанок на Групата Лима одржан во Канада, која ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз претседателот Николас Мадуро да се повлече од власта.
Марија Захарова, портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија, која го поддржува Мадуро и е против мешање во внатрешните работи на Венецуеала, ирази жалење што нејзината земја не е поканета да учествува на состанокот во Монтевидео. Таа испраќањето на помошта ја оцени како „врв на цинизмот“ на Вашингтон, поради блокадите и санкциите кои подолга период САД ги вршат кон Венецуела. „Одлуката за примена на сила веќе е донесена. Сето друго е само залажување“, рече.
Во средата венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој го одби ултиматумот на ЕУ да распише предвремени претседателски избори, го пофали оддржувањето на состанокот на Контактната група и им даде поддршка на „сите чекори и иницијативи кои придонесуваат на дијалогот“.
Но претседателот на парламентот и опозициски челник Хуан Гуаидо, кој на 23-ти јануари се самопрогласи за привремен претседател на Венецуела и кој потоа го признаа четириесетина земји предводени од САД, лесно одби каков и да е дијалог со владата на Мадуро. Тој смета на поддршката на Вашингтон, па дури и со воена интервенција, и на нови протести на неговите приврзаници на 12-ти февруари на кои ќе бара формирање „преодна влада“ и „слободни избори“.
Додека завршувал состанокот на дипломатите во Монтевидео, првите камиони со американската хуманитарна помош со Венецуела која Мадуро не ја прифаќа откако во средата беше откриено големо количество американско оружје и муниција кои требало да влезат во земјата, пристигнале на колумбиско-венецуелската граница, објави репортерскиот тим на AFP од самото место. Мадуро обвинува дека таа е вовед во американска воена интервенција.
Десетина камиони со нерасиплива храна влегле во собирен центар кој колумбиските власти го органиирале близу меѓудржавниот мост Тиендитас во пограничниот град Кукута, одоварајќи на повикот за помош од Хуан Гуаидо.