Европскиот суд на правдата денеска соопшти дека понискиот суд на ЕУ треба да ги преиспита барањата на поранешните лидери на Каталонија, Карлос Пуџдемон и Антони Комин да ги заземат пратеничките места во Европскиот парламент, што ги освоија на изборите во мај.
Одлуката е донесена откако вчера највисокиот суд на ЕУ донесе пресуда уапсениот каталонски сепаратистички лидер Ориол Жункерас да има имунитет како член на Европскиот парламент.
Неговата ситуација е слична на онаа во која се Пуџдемон и Комин, дека Шпанија ги спречува да станат членови на ЕП и покрај тоа што освоија мандати на изборите во мај.
Тие побараа од понискиот суд на ЕУ во јуни да им дозволи да ги заземат своите места, но судот го одби нивното барање.