Европскиот параламент со Резолуција ќе бара од Србија да и воведе санкции на Русија

Европскиот парламент ќе ја повика со Резолуција новоизбраната Влада на Србија „да покаже вистинска посветеност на вредностите на Европската унија и да ги усогласи одлуките и позициите со оние на ЕУ, во надворешната и безбедносната политика, вклучително и санкциите против Русија “, објави Радио Слободна Европа (РСЕ) која имала увид во таа резолуција, чиј автор е известувачот за Србија, Владимир Билчик.
Според нацрт-резолуцијата, Европскиот парламент ќе изрази жалење поради фактот што Србија не ги почитувала санкциите на ЕУ по руската инвазија на Украина, пренесува РСЕ.

Се додава дека европратениците се „длабоко загрижени“ поради ширењето на дезинформации за руската агресија врз Украина и затоа ги повикуваат српските власти и Европската комисија да ја поддржат инфраструктурата за борба против дезинформациите и другите хибридни закани.