Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП – ECHR), оцени во вторникот дека Бугарија треба „привремено“ да им исплати повеќе од 1,6 милиони евра на поранешниот бугарски цар Симеон Втори Сакскобургготски и на неговата сестра кои се спречени во комерцијалното користење на шумско земјиште.
Софија „треба на тужителите да им исплати 1.635.875 евра материјална отштета“, се наведува во соопштението од судот кој бугарската држава веќе ја осуди во овој случај во септември 2021 година.
Судот, чиешто седиште е во Стразбур, на кој тужба подигнаа Симеон Борисов Сакскобургготски и Марија-Лујза Борисова Шробок, поранешната принцеза, тогаш едногласно оцени дека Бугарија го повредила нивното право на заштита на сопственоста и на чесно судење.
Одлуката ја донел поради мораториумот на пренесувањето и на комерцијалното користење на вратената сопственост, кој се однесува на шумското земјиште, а воведе во 2009 година и се уште е на сила, се наведува во соопштението на Судот.
Целата сопственост на бугарската монархија минала во владение на државата во 1947 година, кога комунистите ја прогласија Бугарија за советска република. Меѓутоа, во 1998 година беше оценето дека тоа пренесување на владеењето се коси со правото на сопственост, па поранешниот крал и неговата сестра побараа враќање на имотите. Тоа е сторено со поголемиот дел од имотите, но во тоа време е воведе и мораториумот.
Судот во својата прва одлука пред две години го остави нерешено прашањето за правичен надомест во очекувањето да биде постигнат договор на двајцата тужители и бугарската држава.
Но и по речиси две години по првата судска одлука донесена во 2021-ра, постапката сѐ уште трае пред бугарските судови, а судот во Стразбур повторно пресуди во полза на поранешниот крал и поранешната принцеза и ја потврди нивната процена на загубите, доделувајќи им „привремено“ повеќе од 1,6 милиони евра, додека не биде завршена постапката во Бугарија.
Симеон Втор бил цар само неколку години додека бил дете, поради смртта на таткото Борис пред крајот на Втората светска војна. Роден е 1937 година а на тронот стапува 1943 година. Земјата ја напуштил во 1946 година , а од егзил се врати во 1996 година без целото време да се откаже од бугарското државјанство. Тој е единствениот поранешен европски монарх кој станал премиер во својата земја. Беше умерен либерал и ја водеше Бугарија од 2001 до 2005 година.