Европскиот суд за човекови права го скуси рокот за поднесување барања од 6 на 4 месеци

Од 1-ви февраури рокот за поднесување барања пред Европскиот суд за човекови права (ECHR) ќе биде намален од шест на четири месеци по конечната одлука на највиската национална судска истанца, соопштија од судот во Стразбур во понеделникот.

Измената на рокот за поднесување на барање до ECHR произлегува од Протоколот бр.15 од Европската конвенција за човекови права и потенцијално се однесува на 830 милиони луѓе кои живеат во 47 држави членки на Советот на Европа кои се потписници на оваа конвенција.

„Од 1-ви февраури 2022 година рокот за поднесување барање пред Европскиот суд за човекови права ќе биде скусен од шест на четири месеци од конечната домашна судска одлука во предметот (обично пресудата на највисокиот суд во земјата)“, се наведува во соопштението.

Текстот со кој се менува Конвенцијата стапи на сила на 1-ви август 2021 година, но предвидуваше преоден период до 1-ви февраури 2022 година пред измените да стапат на сила.

Така, од 1-ви февраури „подносителите на барањата и нивните адвокати ќе мора да го почитуваат рокот за поднесува на барањата пред ECHR, во спротивно нивните барања ќе бидат прогласени за неприфатливи“, прецизираат од судот.

Европскиот суд за човекови права е основан во 1959 година со седиште во Стразбур. Одлучува за поединечни или меѓународни барања кои се однесуваат на повреда на граѓанските и политичките права содржани во Европската конвенција за човековите права. Конвецијата ја ратифукуваа 47 семји од европскиот простор, а секоја година во судот пристигнуваат околу 50.000 нови барања.